Проектот CoolHeating ја промовира имплементацијата на „мали модуларни системи за греење и ладење базирани на обновливи извори на енергија“ во заедниците во Југоисточна Европа.
Целта на проектот CoolHeating е да ја поддржи имплементацијата на „мали модуларни системи за греење и ладење базирани на обновливи извори на енергија“ во заедници во Југоисточна Европа. CoolHeating пренесува знаење од партнерите од земји каде што постојат примери за обновливо централно греење и ладење (Австрија, Германија, Данска) во земји во кои овие технологии се помалку развиени (Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија, Србија, Хрватска). Главните активности, покрај техничко-економска анализа, вклучуваат мерки за стимулирање на интересот на заедниците и граѓаните за поставување на системи за централно греење базирани на обновливи извори на енергија како и за градење на капацитети за финансирање и бизнис модели. Резултатот е иницирање на нови, мали системи за централно греење и ладење базирани на обновливи извори на енергија во пет целни заедници сѐ до фаза на инвестирање.
CoolHeating Map - best practice (MK)